Сексот ја буди креативноста кај жените!

Научниците открија: „Доброто расположение што жените доживуваат по сексот, го активира нивното креативно размислување. Тоа им овозможува да работат поефикасно и успешно да се справат во нестандардните ситуации“.Руби Надлер од Универзитетот во Онтарио истакнува дека размислувањето на жените по водењето љубов станува флексибилно.  Учесничките во експериментот требало да  исполнат различни задачи – од класификација на фотографии па се до обработката на шеми со различни степени на сложеност.
Резултатот покажал дека жените кои имаат добар сексуален живот се справуваат многу побрзо со поставените задачи. Тие се концентрирани и почесто користат нестандардни приоди.
Исто така, докажале дека женското расположение се зголемува не само од квалитетот на интимните односи, туку и при гледањето на интересни филмови и слушањето на омилената музика, но тоа зависи од личноста и приоритететите на жената, забележал Надлер.
 
 Руби Надлер од Универзитетот во Онтарио истакнува дека размислувањето на жените по водењето љубов станува флексибилно.  Учесничките во експери

Пронајдете не на следниве мрежи: