Селмани со лаги и конструкции се обидува да ја дезинформира јавноста во врска со работата на МИОА

Насер Селмани од ЗНМ денес се стави во позиција на портпарол на Зоран Заев и СДСМ и обиде да прикаже наводна пристраснот на МИОА каде и што ја нема.Според Селмани средствата кои МИОА ги дава преку јавен оглас за финансирање на домашна документарна и играна програма се наменети за „купување“ на наклонетоста на медиумите.
Имајќи ја во предвид постапката за доделување на средства која е јавна и отворена за сите медиуми се заклучува дека тие се доделени на транспарентен начин и Селмани шири конструкции кои сака да ги продава како вистини. Имено сите национални тв куќи се во еднаква положба при објавувањето на конкурсот за доделување на средствата. Доделувањето на овие субвенции за домашна документарна и играна програма се проект и законска обврска на МИОА согласно Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
Не МИОА, туку еден друг субјект, како што е Сорос Македонија купува наклонетост на медиуми, кој под своја капа со разните грантови кои ги дели ставил цела една плејада на медиуми како : Плусинфо, Слободен печат, Либертас, Метаморфозис итн…
Не само од Сорос, туку овие медиуми добиваат грантови и од УСАИД чии средства како што веќе објавија од СОС ( Стоп Операција Сорос ) биле злоупотребувани и ставени во машината на Сорос Македонија и од нив се фенансираале не само спомнативе медиуми, туку и телевизиските емисии, Топ Тема, 360 Степени и Вчерашни новости каде на име на грантови одредени поединци инкасираат десетици илјади евра.
Дали според Селмани и ЗНМ ваквите медиуми и емисии кеширани со парите на Сорос и парите на американските граѓани, кои без нивно знаење завршуваат на сметките на медиумите под контрола на СДСМ се шаблонот по кој треба да функционираат медиумите, па наместо избалансиран и информирачки пристап на сите медиуми да гледаме само пропаганда во корист на СДСМ ?
Очигледно е дека Насер Селмани не води грижа за како ќе се финансираат медиумите. Доколку би ги прашал медиумите дали се задоволни од овој проект, тој ќе слушнеше дека средствата се добиваат на фер и транспартен начин. Тоа не е навика на платениците на Сорос како Селмани. Само на ЗНМ и Селмани не им одговара средување на состојбите во медиумската сфера, затоа што со тоа ке секнат приходите за вакви проекти. А во тој случај тој ќе треба да се занимава со новинарство, наместо со навреди и клевети.Според Селмани средствата кои МИОА ги дава преку јавен оглас за финансирање на домашна документарна и играна програма се наменети за „купувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: