Бев на интензивна нега 11 дена, а веројатноста дека ќе преживеам не беше голема. Доживеав силен мозочен удар и девет дена не престанував да крварам.Шерон Стоун, која е секс симбол на Холивуд, доживеа тежок мозочен удар во 2001 година. Денес, по цели 14 години, актерката за првпат опиша како изгледал процесот на закрепнување.
„Бев на интензивна нега 11 дена, а веројатноста дека ќе преживеам не беше голема. Имав силен мозочен удар и девет дена не престанав да крварам. Наредните две години учев да одам и да зборувам, а две години не можев да читам“, раскажа актерката.
Исто така, таа додаде дека оттогаш се откажала од сите пороци.
„Не ми е жал. Тешко е кога ќе сфатите дека можеби нема да ја дочекате староста“, призна Шерон.
Денес, таа во целост закрепнала од мозочниот удар, а нејзината кариера продолжи да оди по вообичаениот тек. Наскоро ќе се појави во нова телевизиска сериј насловена како „Агент Х“, во која ќе ја глуми првата жена која се наоѓа на функцијата потпретседател на САД.
На самиот крај, актерката открила дека и понатаму ја сметаат за секс симбол.
„Секогаш кога ќе наминам до Старбакс, ќе се појави по некој дваесетгодишен дечко кој ми се додворува“, низ смеење изјави актерката.Шерон Стоун, која е секс симбол на Холивуд, доживеа тежок мозочен удар во 2001 година. Денес, по цели 14 години, актерката за првпат опиша како изг



