„Шерпа“- филм за трагедијата која ги промени походите на Еверест

Големите трагедии придонесуваат човекот да размислува за своето постоење како и чекорите и постапките кои ги презема во даден период. Една таква трагедија и последиците од неа се документирани во документарецот „Шерпа“ кој ќе се прикаже во недела, 24 април во 22 часот на Дискавери каналот.Потресната приказна на заедницата шерпаси на Монт Еверест која се обединува во тагата и бесот по смртоносната лавина која на 18 април 2014 година усмрти 16 нивни колеги. Преку сведоштвата на самите шерпаси и нивните семејства како и алпинистите кои се подготвувале за искачување на врвот во моментот кога се случила катастрофата, филмот ги следи моментите на истрајноста кои шерпасите и нивните семејства ја прикажуваат додека размислуваат за иднината и следните искачувања на Еверест, како и прашањата дали постои оправданост за опасноста на која се изложуваат.
Несреќата довела до темелно преиспитување на целата алпинистичка индустрија која ги следи искачувањата на Еверест, а за бројните шерпаси и нивните семејства претставува пресвртница во размислувањето дали ќе продолжат да работат на планината.
Потресната приказна на заедницата шерпаси на Монт Еверест која се обединува во тагата и бесот по смртоносната лавина која на 18 април 2014 година у

Пронајдете не на следниве мрежи: