Шест совети како да го натерате да се заљуби во вас

Пролетта пристигна, а љубовта е во воздухот – еве неколку фантастични совети за тоа како момчето кое ви се допаѓа да се заљуби во вас!
Понекогаш е тешко да се пронајде и освои момчето кое го сакате. Овие шест совети ќе ви помогнат тој да се заљуби во вас. Сè е поврзано со фактот дека треба да имате самодоверба и навистина се истакнете.
1. Бидете тоа што сте- не глумете, ни вие не би се заљубиле во некој кој се преправа.
2. Разубавувајте се – ова не значи дека треба да гладувате, или да купувате премногу облека. Облечете нешто што ќе ги истакне вашите карактеристики, средете ја косата, малку нашминкајте се, ставете парфем и тоа е тоа.
3. Слушајте – на момците најшармантна им е онаа девојка која знае да ги сослуша.
4. Смејте се постојано – хуморот е многу важен доколку сакате да привлечете некого, па ако знаете да се насмеете на неговите шеги, уште па и да кажете некоја своја, вие сте на прав пат.
5. Имајте ведар став кон животот – момците сакаат ведри девојки, а насмевката привлекува многу повеќе одколку погледот.
6. Бидете слатки – момците сакаат девојки кои се слатки и не озборуваат, така што задржете ги лошите коментари за себе.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Пролетта пристигна, а љубовта е во воздухот – еве неколку фантастични совети за тоа како момчето кое ви се допаѓа да с

Пронајдете не на следниве мрежи: