Шест знаци дека тој не сака врска, туку само секс!

Многу често, ниту еден од двата пола не е доволно искрен во односите и не смее да го каже на глас она што го сака уште од самиот почеток. Така се добиваат ситуации во кои дамите веќе замислуваат дека наскоро ќе стапат во брак, а мажите бараат само пријатна и слободна врска.Но, постојат неколку јасни знаци според кои една жена може да сфати дали мажот навистина е подготвен за сериозно врзување или само сака секс.

Шест знаци дека тој не сака врска, туку само секс!

1. Тој не ве нарекува „моја девојка“
Обрнете внимание на тоа на кој начин човекот со кого излегувате ве презентира пред останатите луѓе. Во случај дека тој да ве претстави како: „Ова е мојата пријателка (име)“ – значи заработува бонус поени. Ако сепак го каже само името, тоа не зборува за посветла иднина меѓу вас. Најверојатно мажот не сака луѓето да го поврзуваат со вас или пак не се чувствува сериозно врзан.

2. Тој поминува повеќе време со пријателите, отколку со вас
Се разбира, при појавата на жена, еден маж не треба да ги напушта своите пријатели (и обратно). Ако сепак ви се допаѓа, навистина ќе се потруди да поминува повеќе време со вас. Во случај дека мажот со кого излегувате, доста често е со своите пријатели, тоа може да значи две работи: не му е гајле особено за вас или всушност воопшто не е само со своите пријатели (зошто не и друга жена ?!).

3. Се гледате помеѓу 3-6 месеци и уште не сте го виделе неговото семејство
Кога мажот навистина е заинтересиран за вас, тој ќе ве покаже на сите. Значи, ако за неколку месеци не сте сретнале ниту еден близок пријател или член на неговото семејство, значи дефинитивно имате проблем. Најверојатно тој ве користи само како пријатно друштво со кое понекогаш го исполнува своето време.

4. Се гледате некое време, но сѐ уште не сте го виделе неговото живеалиште
Има две можни причини за ова: тој е збунет поради условите во кои живее или живее со друга жена.

5. Единствените моменти во кои се гледате се во затворен простор и тоа во одредени периоди
Вие никогаш не излегувате на јавни места заедно. Врската ви е претежно сексуална, а не социјална. Тоа е сигурен знак дека мажот со кого се гледате, не се интересира за врска со вас, туку само за секс.

6. Тој не ве бара
Мажот со кого излегувате, не ве бара особено често. Всушност, вие сте таа што повеќето пати презема иницијатива. Обично, кога тој ве повикува или ви пишува, го прави за да закажете состанок на истото изолирано место, во истиот доцен час…Но, постојат неколку јасни знаци според кои една жена може да сфати дали мажот навистина е подготвен за сериозно врзување или само сака секс.

Пронајдете не на следниве мрежи: