Северина е дива по која мажите воздивнуваат, а жените пак ѝ завидуваат. Многумина се прашуваат – постои ли некој посебен во нејзиниот живот?Доколку судиме според нејзиниот Инстаграм профил, оваа пејачка со заводлив стас и глас ужива во животот. Празниците ги поминала со синот Александар на скијање,а фановите се уште се залудени по нејзиниот хит „Генерале“ кој е направен во соработка со Учителки.
Додека редовно ги известува своите фанови за секојдневните активности, сите се прашуваат само едно- дали има Севе време за мажи.
Во неодамнешно интервју Севе открила дека моментално во животот има други грижи.
„Јас некому му се допаѓам, но во моментов не сум расположена за тоа“, одговорила пејачката.
Исто така, гордо изјавила дека секогаш себе си се става на прво место и се бори за своето.
„Никогаш никого не сум задевала прва, дури ни на училиште кога ме задеваа поради името Северина. Јас тогаш сакав да бидам Ивана, Тамара…..“, објаснила Севе.Доколку судиме според нејзиниот Инстаграм профил, оваа пејачка со заводлив стас и глас ужива во животот. Празниците ги поминала со синот Александар



