Сезонската работа во Будва ѝ донесе НЕВИДЕН ПЕКОЛ!

Наместо на работничката С.М. да ѝ даде плата, работодавачот Милорад Д. (43) ја пцуел и го истепал нејзиното момче, Даниел Дашиќ (23) од Крагујевац и избегнал секаква одговорност.Даниел и С.М. се студенти на Правниот факултет во Крагујевац, а во Будва отишле да заработат пари за школарината. 
„Стигнавме на 11. јуни и два дена подоцна пронајдов работа кај Милорад Д. Продавав парфеми на тезга на шеталиштето во Будва. Тој веднаш почна непристојно да ми се нафрлува и брзо го промени договорот кој го имавме“ – објаснува С.М. 
Затоа, таа на 16. јуни одлучила да ја напушти работата. Тоа му го кажала на газдата и му побарала да ги исплати тие денови кои ги работела, но тој ја одбил. 
„Плачев, му реков на Даниел што се случи. Тој го виде Милорад во кафулето и му рече да ме исплати. Милорад почна да пцуе и да повторува: `Знаеш ли ти кој сум јас?`. Го маваше Даниел со пикавци. Милорад ме удри мене, што Даниел кога виде почна да го удира“ – објаснува студентката. 
Настанала тепачка, по што С.М. веднаш повикала полиција, но тие го привеле само нејзиното момче.
На Даниел му била одредена мерка притвор.Даниел и С.М. се студенти на Правниот факултет во Крагујевац, а во Будва отишле да заработат пари за школарината. 
„Стигнавме на

Пронајдете не на следниве мрежи: