Си го убил соседот поради велигденски јајца

Никола Јосиќ (58), со секира го уби својот сограѓанин Ахмет Хасановиќ (81) пред неговата куќа во зворничкото село Козлук. На убиството му претходела жестока кавга по која Јосиќ тргнал до дома да ја земе секирата, па го дочекал Хасановиќ на портата, го убил и си отишол.Како што пренесуваат изворите, Хасановиќ бил со друштвото во една кафеана, а подоцна стигнал и Јосиќ кој донесе велигденски јајца за да ги почести соседите по повод велигденските празници. Јосиќ започнал да дели велигденски јајца низ кафеаната и кога дошол до Хасановиќ, започнаа да летаат навреди врз национална основа.
„Хасановиќ му рекол дека не сака ништо од него и започна да го навредува врз национална основа, говорејќи дека Јосиќевиот српски народ ги протерал муслиманите од Козлук за време на војната“, рече изворот, притоа додавајќи дека и двајцата си заминале дома по кавгата. Утредента Хасановиќ беше пронајден мртов, лежејќи во локва крв.
Страшното убиство ги шокирало жителите на Козлук, кои истакнуват дека во последно време се затегнати меѓуетничките односи помеѓу Бошњаците и Србите. Како што велат соседите, Јосиќ е сиромашен човек кој живее од занимавањето со земјоделство, а Хасановиќ живеел сам.
„Никола сака да испие по некоја и тежок е кога ќе напие, но никогаш немаше правено проблеми досега. На Ахмет му почина жената, па остана сам да живее, додека синовите му се во странство“, раскажуваат соседите кои додадоа дека пред некој ден ги виделе Хасановиќ и Јосиќ како заедно седат и разговараат.Како што пренесуваат изворите, Хасановиќ бил со друштвото во една кафеана, а подоцна стигнал и Јосиќ кој донесе велигденски јајца за да ги почести

Пронајдете не на следниве мрежи: