Си пукал во глава: Ги избркал децата па ја убил сопругата и себеси

Александар Хаџиќ (50) вчера околу осум часот утрото ја уби со еден истрел од пиштол својата сопруга Мирјана Стефановиќ (49) во нивната семејна куќа во викенд – населбата Југово кај Смедерево, а потоа извршил самоубиство.Мотивите за страотниот злостор ќе бидат утврдени со натамошна истрага, а полицијата ја проверува и можноста дека Хаџиќ го потегнал оружјето поради тоа што останале без работа во Италија.
Хаџиќ кобното утро им рекол на 12-годишните близнаци, момче и девојче да излезат од куќата и да одат да си играат, а потоа ја заклучил вратата. Изгледа дека до детали го испланирал злосторството. Отишол во соба каде се скарал со Мирјана и можно е неколку пати да ја удрил. Потоа пукал во неа, а потоа и себеси во глава.
Кога  децата се вратиле дома, ги викале мајката и таткото, но немале одговор.
-Довојчето повикало еден роднина и му рекла дека родителите и се заклучени внатре во куќата. Детето веднаш посомневало дека се случило најлоштото. Веднаш е известена полицијата. Ја обиле вратата и ја затекнале грозната глетка – вели нашиот соговорник.
На местото дошла и мајката на Хаџиќ која кукала покрај мртвите тела.
Според зборовите на соседите Александар и Мирјана неколку години по венчавката се преселиле во Италија поради работа.

 
-Мира во Србија се вратила кога децата завршиле прво одделение. Александар и натаму работел во странство, но потоа останал без работа. Заштеденото брзо го потрошиле, а Мира повторно отишла во Италија да заработили некој динар. Се вратила пред две недели, а во четвртокот правеле скара во дворот од куќата. Голема трагедија, сели соседката која се сомнева дека Александар ја злоставувал сопругата и психички и физички.
-Порано пиеше, а Мирјана ни раскажуваше дека ја тепал. Неретко се случувало да биде цела во модрици. Наводно ја тепал и ако децата во училиште добијат четворка, или ако има ронка прашина на реолетните. Да отидеше да го пријави во полиција можеби се уште ќе беше жива, вели соседката.
Пинаку, пиштолот со кој ја застрелал сопругата и себеси го поседувал со дозвола.
По смртта на родителите, двете деца, најверојатно ќе ги преземе братот на таткото кој живее во Италија и има деца на слична возраст.Мотивите за страотниот злостор ќе бидат утврдени со натамошна истрага, а полицијата ја проверува и можноста дека Хаџиќ го потегнал оружјето поради

Пронајдете не на следниве мрежи: