Силвана Крстовска: „Мојот сопруг сака да спие со студентка“

„На шега го прашав сопругот Игор дали сака да спие со студентка, а тој ме погледна збунето, не знаејќи од каде ми дојде на ум такво нешто.“Доказот дека годините не се пречка да се стигне до она што се сака во животот го има фолк пејачката Силвана Крстовска…
– На времето се запишав на психологија во Скопје, но, како што вели народот, младост – лудост и се откажав. Паузирав со школувањето се досега, кога вниманието ми го привлече владиниот проект наменет за повозрасни луѓе. На шега го прашав сопругот Игор дали сака да спие со студентка, а тој ме погледна збунето, не знаејќи од каде ми дојде на ум такво нешто. Но кога му раскажав за што станува збор и дека сакам да си ја пробам среќата и да добијам диплома, па макар и на оваа возраст, тој веднаш ме поддржа. Така, сега добив индекс, и официјално јас сум студентка, вели 35 годишната тетовка за Вест, додавајќи дека студиите воопшто нема да и се одразат на кариерата.Доказот дека годините не се пречка да се стигне до она што се сака во животот го има фолк пејачката Силвана Крстовска.

Пронајдете не на следниве мрежи: