Симона со атрактивен настап и награда на Скопски фестивалСимона Попоска го освои второто место на традиционалниот скопски фестивал 2015. Уште едно нејзино учество на фестивал крунисано со награда.
„Публиката кажа се!Посебно драга награда бидејќи доаѓа од гласовите од публиката, онаа публика која е постојано присутна на нашите настапи со Ерик Фокс низ Македонија, како резултат на нашата макотрпна работа. Уште еднаш едно големо благодарам до сите што гласаа за бр 9.“ Ни изјави Симона..
Автори на песната „Сеедно е“ се: Музика и текст на Горјан Стојановски и аранжман на Никола Автовски.„Оваа ми е прва сосем случајна соработка со авторот Горјан, мој долгогодишен пријател со кој сме гостувале заедно на многу настани“.
Симона на сцената ја придружуваа танчерите од балетското студио Прима Данза и познатите Илија Карадаковски и Боби Трајковски. Стајлинг: модно Атеље ИВА, шминка и фризура Бобан Тодоровски и козметичко студио Афродита ЕС. Симона Попоска го освои второто место на традиционалниот скопски фестивал 2015. Уште едно нејзино учество на фестивал крунисано со награда.



