Синдикат во ЈП Водовод и канализација- Скопје: Нема да дозволиме некој да не работи, на товар на тие што работат и на грбот на граѓаните

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата.
Ние како Синдикат во ЈП Водовод и канализација – Скопје имаме инзвонредна соработка со г. Александар Атанасов. Во овие 2.5 години сите наши барања во насока на подобрување на условите за вработените се ислушани. Се обнови возниот парк, се набави нова механизација, само за ХТЗ опрема за вработените во овие години се вложени 20 милиони денари, се набавија и нови униформи за инкасаторите и шалтерските работници итн.Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја немаше, се почитуваат правилата и прописите. На некои тоа не им одговара, односно би кажале на не работниците, кои биле во ЈП Водовод и канализација – Скопје и кои со своето не залагање и не работење биле товар на претпијатието, Град Скопје и граѓаните.
Луѓето во ЈП Водовод и канализација – Скопје не се делат на партиска или национална основа туку на работници и не работници. Истите биле повеќе пати опоменувани и им била дадена шанса повеќе пати да го подобрат своето однесување кон работата. ЈП Водовод и канализација – Скопје има обврска пред граѓаните да ја добијат најдобрата можна услуга од наша страна и да водиме сметка нашите вработени да си ги исполнуваат работните задачи. Никој не е казнет или отпуштен од работа без докази, изјави од самите граѓани и сите процедури кои следат. Ние и понатаму нема да дозволиме некој да не работи, на товар на тие што работат и на грбот на граѓаните.Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја

Пронајдете не на следниве мрежи: