Синергија на креативните идеи од северна и јужна Европа

Менаџерите и креативците на агенциите од Нордискиот регион кои се дел од I&F McCann Група во чии рамки работи и Меккен Скопје, го посетија седиштето на компанијата во Белград и разговараа за понатамошните планови за развој, заедничките проекти и разменуваа искуства. 
Основачот на компанијата, Срѓан Шапер вели дека ова е првата посета од кога I&F McCann Група ги презема агенциите во Норвешка, Шведска, Данска и Финска.
‘‘Со овој состанок Белград стана важна точка на европската креативна мапа.  На нас е да го искористиме големиот потенцијал за нашите земји, за индустријата која ја претставуваме, за сите вработени, и секако, за нашите деловни партнери. Синергијата на северот и југот ќе и додаде дополнителен квалитет на  I&F McCann Група која работи речиси 20 години.‘‘, рече Шапер.
Првиот човек на една од водечките дизајнерски компании Scandinavian Design Group  која работи во рамките на I&F McCann Група, Ханс Мартин Мегард, изјави: ‘‘Срѓан Шапер со својот тим изгради силен систем во Југоисточна Европа. Тоа за нас е инспирација и цел истото да го направиме и со агенциите во Нордискиот регион и со тоа заедно да станеме уште поуспешни во светски рамки.‘‘
Влатко Димовски, оперативен директор во I&F McCann Група одговорен за Адриатик регионот, рече:
‘‘Синергијата на македонската темпераментност и скандинавската свежина ни отвора нови креативни хоризонти кои нашиот тим во Скопје максимално ќе умее да ги искористи. Европската експертиза на новите колеги од северот дополнително го зајакнува нашето локално знаење што ни овозможува да ја дадеме најдобрата услуга, најрелевантиот креативен производ и да бидеме секогаш чекор пред другите.‘‘
I&F McCann Група работи речиси 20 години на 12 пазари во Југоисточна и северна Европа со 58 милиони жители и вработува повеќе од 600 талентирани професионалци.
 
  
Основачот на компанијата, Срѓан Шапер вели дека ова е првата посета од кога I&F McCann Група ги презема агенциите во Н

Пронајдете не на следниве мрежи: