Синоќа се одржаа MTV Video Music наградите: Бијонсе беше емотивна, Ники Минаж го покажа задникот…

Одржувањето на MTV Music Awards е едно од најпрестижните манифестации кои се одржуваат секоја година и кои нудат навистина добра забава. Од импресивни настапи, до вистинско шоу, па дури и некој дебакл, ова се наградите кои не ги оставаат рамнодушни љубителите на современата музика.Иако Мајли Сајрус (21) не го доби саканото внимание, нејзиното видео за „Wrecking Ball“ беше прогласено за најдобро.
Таа чест ја Бијонсе (33), која освои најмногу награди. На доделувањето пејачката доби поддршка од сопругот Џеј Зи (44) и ќеркичката, кои и ја врачија наградата Michael Jackson Video Vanguard Awаrd.

„Му благодарам на Бог. Многу те сакам, и тебе и нашето девојче“, им порача Бијонсе на својот сопруг и ќеркичката.
Пејачката беше наградена и во категориите „Видео со порака“ за Pretty Hurts и за „Кинематографија“.
Може да се спомне и настапот на Ники Минаж, кој ја покачи температурата во салата, благодарејќи на нејзиното жешко тверкање, на кое особено Рита Ора и завидуваше.

Оваа година најдобар говор одржа мистериозниот партнер кој ја дружеше Мајли Сајрус. Џеси се појавил на сцената и зборуваше за проблемите со младите бездомници во Лос Анџелес, но и во цела Америка.
„Живеев во склоништа по целиот град и чистев хотелски соби за да преживеам“.
За најдобро рок видео, наградата ја понесе Лорде за песната „Royals“, за најдобро женско видео Кетји Пери за „Dark Horse“, а за најдобро поп видео наградата ја земаа Аријана Гранде и Иги Изалеа за песната „Problem“.
Организаторите на доделувањето на MTV наградите му оддадоа почит и на актерот Робин Вилијамс.

Иако Мајли Сајрус (21) не го доби саканото внимание, нејзиното видео за „Wrecking Ball“ беше прогласено за најдобро.
Таа чест ј

Пронајдете не на следниве мрежи: