Синот на Аркан: „Ќе ја објавам книгата за татко ми, иако целото семејство е против!“

„Парите не се мотив, туку само правдата и вистината во која ќе се уверите и вие кога ќе ја прочитате книгата. Тоа му го должам на татко ми, без разлика на цената која ќе ја платам“ – вели Воин Ражнатовиќ.Воин Ражнатовиќ, син на Жељко Ражнатовиќ и Наталија Мартиновиќ, на својот Фејсбук профил напишал дека по секоја цена ќе ја заврши и објави книгата за својот татко, без разлика што сите се против тоа, па дури и неговото семејство.
„Книгата што ја пишувам за татко ми е проект кој го правам сам и без поддршка и согласност од најблиските. Сакам само да напоменам дека моето семејство, а и моите пријатели се противат книгата да да види „бел ден“. Но, морам да истакнам дека парите не се мотивот за мојата книга, туку вистината и правдата, а тоа ќе го прочитате во неа. Ова му го должам на татко ми, без разлика на цената која ќе ја платам. Ви благодарам на сите за неизмерната поддршка што ми ја давате“ – вели Воин.

Инаку, Воин кој неодамна демантираше дека Аркан е убиен поради наводниот договор со Хашкиот трибунал најави дека во книгата со наслов „Приказна за мојот татко“ ќе бидат објавени предесетина, досега непознати, приказни за Жељко Ражнатовиќ.
Да се потсетиме, Аркан и Наталија се оставиле во 1994 година и имале четири деца: Воин, Никола, Милена и Маша.Воин Ражнатовиќ, син на Жељко Ражнатовиќ и Наталија Мартиновиќ, на својот Фејсбук профил напишал дека по секоја цена ќе ја заврши и објави книгата

Пронајдете не на следниве мрежи: