Киднапирањето на Стефан Живојиновиќ, синот на Брена и Боба, никогаш сериозно не било истражувано, а целиот случај бил „замрзнат“ бидејќи една од трагите водела директно до кабинетот и тоа во времето на моќниот лидер ДОС. Ова за српски „Информер“ го потврди пензиониран генерал на полицијата, кој кон крајот на 2000 и почетокот на 2001 година бил вклучен во истрагата.Тој инсистирал на анонимност и вели дека се основани тврдењата на Воислав Шешељ дека киднапирањето било организирано од страна на државниот врв.
Наредба од горе
Сосема е индикативно дека киднапирањето на Стефан е единственото во Србија кое никогаш не е истражено.
„Многу брзо по киднапирањето, инспекторите веќе кон крајот на декември 2000 година дошле до траги кои покажувале дека целиот настан бил организиран со знаење и претходен договор со еден висок функционер на ДОС. Не можам да кажам дека Ѓинѓиќ го знаел сето тоа и дека тој ја одобрил операцијата како што сега тврди Шешељ, но тврдам дека неговите најблиски соработници знаеја за тоа…“, истакнал изворот.
Лидерот на СРС, Воислав Шешељ, повтори дека е уверен дека зад киднапирањето стоел лично покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
„Секако дека тој е вмешан. Ѓинѓиќ по 5 октомври ја презема полицијата и службените легитимации им ги подели на припадниците на сурчинскиот клан, во кој тогаш беа и `Земунците`. Благодарение на тоа, тие работеа како службеници на државната безбедност и можеа да прават што сакаат! Затоа не треба да нѐ изненади што истрагата никогаш не беше покрената!“.
Полицискиот извор нагласи дека треба внимателно да се анализира изјавата на Слободан Живојиновиќ, бидејќи во неа посредно ја прозива тогашната власт: „Им благодарам на властите кои имаа разбирање за фактот дека ова беше исклучиво борба помеѓу киднаперите и Брена и мене“.
Адвокатот Божо Прелевиќ, кој за време на немилиот настан бил дел од полицијата, вели дека постоеле индиции дека зад киднапирањето стоел „земунскиот клан“, но…
„Вистина е дека дел од власта не сакаше да се пресмета со криминалците. Земунците беа заштитени како бели мечки, брзо дојде до разрешување на ПОСКОК и тоа беше една од причинита што поднесов оставка. Од друга страна, Брена и Боба стравуваа дека детето нема да им преживее ако се вклучи полицијата, па оставија на преговарачите да ја завршат работата. Како и во сите други случаи на киднапирање, тука се појави еден опасен лик кој играше двојна игра“, нагласи Прелевиќ, кој не откри за кого станува збор.
Од друга страна, поранешниот шеф на полицијата Миле Новковиќ, тврди дека истрагата никогаш не застарела и дека сѐ уште се трага по сторителите:
„Шешељ зборува глупости. Случајот со киднапирањето на синот на Брена и Боба не е решен, но истрагата продолжува. Прво претпоставивме дека е вмешан некој семеен пријател или бизнис партнер. Потоа мислевме дека станува збор за земунскиот клан. Потоа се појави ново сценарио, дека станува збор за само двајца мажи. Меѓутоа, сето тоа беше чудно, бидејќи во киднапирањата секогаш учествуваат повеќе луѓе…“, објаснува Новаковиќ.
Никој од полицијата не сакаше да ги коментира овие информации, а кон тоа се приклучија и Брена и Боба.Тој инсистирал на анонимност и вели дека се основани тврдењата на Воислав Шешељ дека киднапирањето било организирано од страна на државниот врв.



