Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, доживеа сообраќајна несреќа откако автомобилот во кој седел на совозачкото место удрил во друг автомобил.Како што пренесоа српските медиуми, Ражњатовиќ ја скршил својата рака, а ставена му е и медицинска крагна околу вратот.
Несреќата се случила во близина на Шамац.
– Добро проминаа, со оглед на тоа што сѐ можеше да се случи, бидејќи е во прашање директен судир. Вељко и неговиот другар се обидоа да го избегнат судирот. Човекот кој управуваше со автомобилот пред нив нагло закочи и без светлосен сигнал сврте десно. За да се одбегне ударот, возачот на автомобилот во кој седеше Вељко сврте лево и така налета на друг автомобил кој се движеше спротивно од нив, изјавил извор за српски „Ало“.



