Синот на Црвенковски копија на Марко Милошевиќ

Откако се случија инцидентите во Штип по митингот на опозицијата, јавноста е сведок на немили настани и невидена ароганција на синот на поранешниот претседател на Македонија и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Како што пишува Курир, синот на Црвенковски, Љупчо Црвенковски се повеќе наликува на Марко Милошевиќ, синот на Слободан Милошевиќ.
Споредбата која ја прави Курир, започнува со описот на Љупчо Црвенковски.
Љупчо Црвенковски, син на Бранко Црвенковски, момче на 20 годишна возраст, во два последователни наврати е учесник во тешки инциденти во кои учесниците во тепачките завршуваат со тешки телесни повреди, пукнати глави, расечени лица. Јавноста е сведок дека синот на Црвенковски, честопати придружуван од Мишо Николов син на познат бизнисмен од Штип, попознат како крал на зејтинот, се учесници во предизвикување на општа опасност, поттикнување на инциденти, масовни тепачки. Она што загрижува е дека во сите тие информации, кои се поткрепени со официјални извештаи на надлежните државни органи, синот на Бранко Црвенковски, Љупчо Црвенковски и неговиот пријател Мишо Николов, под обилно дејство на алкохол и на “енергенси”, ги иницираат тепачките, ги малтретираат посетителите на ноќните клубови и започнуваат тепачки во кои повредуваат луѓе.
Во јуни 2012 по митингот на СДСМ во Штип, на бензинската пумпа на 'Лукоил', Љупчо Црвенковски и Мишо Николов, предизвикуваат тепачка, и си заминуваат. Во тепачката е повредено 33 годишно момче од Штип, кое како што пишуваа медиумите било тепано од наведените лица и од лица кои дошле на помош со неколку возила.
Пред некој ден повторно во Штип, и повторно по митингот на СДСМ, Љупчо Црвенковски и Мишо Николов во 3 часот по полноќ, започнуваат тепачка и тешко повредуваат две лица во крвава тепачка во дискотеката 'Мистик'. Од непознати причини двајцата почнале да ги провоцираат присутните гости, но бидејќи тие не одговориле на нивните недолични дофрлувања, во еден момент Мишо Николов, во чиј семеен простор е канцеларијата на кандидатот за градоначанилник на Скопје од редовите на СДСМ, Јани Макрадули, и кој поседува фабрика во Штип и лускузен ресторан во Скопје, со стаклен предмет замавнал кон еден од гостите нанесувајќи му расекотина по лицето. Потоа двајцата насилници биле повикани на разговор во полиција.
Заради ваквото однесување на синот на Црвенковски, јавноста неодминливо се потсетува на ваквите и слични инциденти кои ги правеше Марко Милошевиќ, син на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ, во време на неговата политичка и економска моќ во деведесетите.
Марко Милошевиќ, користејќи ја неприкосновената позиција и политичката моќ на својот татко Слободан, важеше за страв и трепет на српските простори, често пати започнувајќи и учествувајќи во тепачки, при што слично како и синот на Црвенковски заедно со свои пријатели, претепуваа и оставаа тешки телесни повреди на младинци од Србија, само затоа што не му се допаѓале на Марко или се спротивставиле на неговите провокации.
Ќе остане запаметено претепувањето на тројца млади луѓе, на 13 мај 2000 година, и тоа во родниот град на Милошевиќ Пожаревац, при што Марко Милошевиќ брутално ги претепува и им нанесува тешки телесни повреди, а потоа и им се заканува со убиство за што овие млади луѓе ја напуштаат земјата или се кријат во илегала долг период до демократските промени во Србија кои се случија на 5 октомври. Но тоа е доволен период делот да застари и Марко, иако обвинет, добива ослободителна пресуда.
Синот на Слободан Милошевиќ го тепал и поранешниот началник на српската полиција Радиша Јовиќ, по што Јовиќ не можејќи да истрпи му возвратил. Марко го претепува и адвокатот Душан Младеновиќ, како и некогашниот претседател на Демократската партија Живан Димитријевиќ. Со повеќе свои пријатели влегува и во редакцијата на Дневен Телеграф и викајќи и мавтајќи со својот пиштол го барал новинарот Драган Вучичевиќ.
Покрај честите тепачки, сличноста помеѓу Марко Милошевиќ и Љупчо Црвенковски може да се бара и во конфликтот со лицата од медиумите. Марко Милошевиќ во септември 1999 пред јавност го тепа со шамари новинарот Миле Велковиќ, а со дршката на својот пиштол го претепува фоторепортерот на Вечерни Новости Милан Тимотиќ. Како што е познато минатата година, најдобриот другар на Љупчо Црвенковски Мишо Николов учествувал во инцидент со сопственикот на Телевизијата 24 вести Роберт Гаврилов, кој се случил за девојка, и тоа во мотелот на Николов во Штип. Тогаш како што пишуваше дневниот весник Вест, синот на Бранко Црвенковски само за момент го избегнал конфликтот наводно поради причина што во тој момент отишол да купи бурек, иако истата вечер според очевидци од Штип учествувал во тензиите помеѓу двете групи.
Како и да е, однесувањето на Љупчо Црвенковски се повеќе наликува на однесувањето на Марко Милошевиќ. Останува неважно дали мотивот е некакво идолизирање на синот на екс српскиот претседател, или сличност во моќта која ја чувствуваат овие синови на моќни политичари, но загрижува фактот дека инцидентите на помалиот Црвенковски стануваат се почести и порадикални. Граѓаните со право се прашуваат, доколку Љупчо Црвенковски прави вакви насилства додека татко му е лидер на опозицијата може само да претпоставиме што би правел доколку Црвенковски ја има власта. Примерите со Александар Верушевски, син на поранешниот прв разузнавач на Црвенковски Зоран Верушевски, кој стана познат по газење пешаци по улица, бодења со нож и пукања по млади луѓе се свежи и јавноста со право е сензибилна на ваквите појави
Штипјани ги фати страв од секој митинг на СДСМ. Не дека штипјани се плашат од реториката на СДСМ, туку стравуваат од разузданите членови и моќници на СДСМ , кои сметаат дека се им е дозволено, велат во градот под Исарот.
Останува да видиме дали Бранко Црвенковски ќе влијае кај својот син да ја намали тензијата и да се воздржи од вакви учества во насилства и негативни настани.Откако се случија инцидентите во Штип по митингот на опозицијата, јавноста е сведок на немили настани и невидена арога

Пронајдете не на следниве мрежи: