недела, 15 ноември 2026
Најново

Шипковица и Бродец се отсечени поради невремето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На територијата на Република Македонија во околината на Тетово се случи големо невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици.Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен, информира дека зафатени беа селото Бродец и село Шипковица.
– Патот меѓу двете села е отсечен во должина од 200 метри и оштетен во должина од 10 метри. Вработените на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа активности за координирање и процена на настанатата состојба за итно организирано решавање на истата, стои во соопштението од ДЗС.
Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно информираат дека продолжуваат да ја следат состојбата на теренот и за секоја новонастаната состојба во континуитет ќе известуваат.
Невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици го зафати и главниот град Скопје. Откорнати се дрва и поплавени улици, а делови од градот се без електрична енергија.Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен, информира дека зафатени беа селото Бродец и село Шипковица.
&

Поврзани вести