Широка меѓународна поддршка за борбата против „Исламската држава“

Министри за надворешни работи од речиси 30 земји во светот денеска во Париз се договорија да го поддржат Ирак „на секаков неопходен начин“ во борбата со џихадистичката група „Исламска држава“.Министрите од САД, Велика Британија, Франција, Германија, Саудиска Арабија, Катар и други земји се согласија дека „итно е неопходно да се изгони ’Исламската држава’“ од сите области кои ги контролира во Ирак. Притоа на Багдад му е ветена воена помош.
Францускиот претседател Франсоа Оланд при отворањето на конференцијата рече дека „нема време за губење“ во борбата против сунитските екстремисти, кои минатиот викенд објавија нова видео-снимка како му ја отсекуваат главата на британскиот хуманитарец Дејвид Хејнс.
„Битката на Ирак против тероризмот е и наша битка“, рече Оланд, мислејќи на илјадниците европски граѓани кои се проценува дека се борат во Ирак и Сирија за „Исламската држава“ и кои би можеле да се вратат дома и да вршат напади. „Заканата е глобална и одговорот мора да биде глобален. Нема време за губење“, додаде францускиот претседател.
На денешниот состанок во Париз не беа поканети ни Иран, ниту Сирија, кои заедно делат најголем дел од границата со Ирак. Сепак, Стејт департментот ја остави отворена можноста за нови разговори со Иран кон крајот на неделава, но исклучува каква било воена соработка со оваа земја.
Претседателот на Ирак, Фуад Масум, побара „да продолжат воздушните операции“. Тој порача дека „мора да се пресече финансирањето“ на екстремистите. „Мораме да ги изнесеме пред лицето на правдата и мораме да ги спречиме борците од други земји да им се приклучат“, рече Масум.
На маргините тема и Украина
Министрите за надворешни работи на Русија, Франција и Германија – Сергеј Лавров, Лорен Фабиис и Франк-Валтер Штајнмајер – се сретнаа во Париз за да дискутираат и за кризата во Украина. За средбата информира анонимен француски дипломатски извор, а ја потврди и портпаролот на германскиот министер за надворешни работи. Средбата се одржала по конференцијата посветена на справувањето со „Исламската држава“, но не се соопштени детали од неа.Министрите од САД, Велика Британија, Франција, Германија, Саудиска Арабија, Катар и други земји се согласија дека „итно е неопходно да се изг

Пронајдете не на следниве мрежи: