Сите им се смеат: Соросовите платеници плачат по поразот на Клинтон

Соросовите платеници во Македонија тешко го прифатија поразот на Хилари Клинтон од Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Нивната фаворитка, за која дури и опозицискиот лидер Зоран Заев синоќа јавно изјави дека отворено ја поддржуваат, доживеа тежок пораз и покрај силните убедувања дека нејзината победа не може да биде доведена во прашање.По еуфоричната атмосфера која ја креваа, дека Клинтон е идниот претседател на САД и го исмејуваа Трамп како некомпетентен и недоветен, опозициските медиуми и соросовите платеници се во шок и неверување од изборниот исход.
Откако рано утрово се дозна дека Трамп ќе биде новиот американски претседател, сдсмовските медиуми и лица кои се на платниот список на Соросовата фондација веднаш започнаа со релативизирање на победата на републиканскиот кандидат, со тврдења дека ништо немало да се смени во андворешната политика на САД и дека Трамп немало да го смени курсот на политиката кон Македонија.
-Аналитичарите сметаат дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат евроатлантските аспирации на земјава, како и реформите и промените што треба да се случат согласно Договорите од Пржино. Аналитичарите коментираат дека Трамп нема да може да ги спаси од кривична одговорност сите оние што го прекршиле законот во земјава, а се дел од истрагите што ги води Специјалното јавно обвинителство, пишуваше Плусинфо.
Од друга страна, соросовите платеници кои секојдневно ја фаворизираат политиката на СДСМ, излегоа со смешни оценки дека било “глупаво што мнозинството од македонскиот народ се радува на победата на Трамп“.
–Не дека ги следев кампањите и изборите во САД, ама не ми е јасно зошто ДПМНЕ слави за Трамп? Имаат некоја поврзаност или онака се билдаат?, напиша Влатко Васиљ на социјалните мрежи.
Доколку, како што самите тврдат, е глупаво народот да се радувал на победата на Трамп, тогаш се поставува прашањето зошто тие толку очајно се обидуваат да докажат дека немало ништо да се смени во надворешната политика на САД, што е навистина ступиден став.
СДСМ и соросовите платеници како Влатко Васиљ очигледно избезумени од неочекуваниот пораз на Клинтон, кој според експертите и тоа како негативно ќе се одрази на целокупната стратегија на СДСМ, си дадоа дури и право да им кажат на граѓаните кога треба да се радуваат, а кога не.
Зошто воопшто Васиљ се занимава со тоа дали поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на победата на Трамп, ако според него е сеедно кој ќе победел и тоа немало да влијае на ништо?! Ако на СДСМ му беше сеедно кој ќе победи како што сега тврдат, тогаш зошто Лидија Димова, Стефан Богоев и други опозициски функционери јавно навиваа Клинтон да победи?
Како капак на се дојде крајно аматерскиот потег на Зоран Заев, кој уште синоќа пред завршувањето на гласањето јавно застана против сега новиот американски претседател. Во предвечерието на американските претседателски избори Заев јавно го соопшти својот став дека тој и неговата партија навиваат за победа на демократите, како и дека се надеваат на победа на Хилари Клинтон која би станала првата жена претседател на Соединетите Американски Држави.
-Навиваме ние за демократите. Се надеваме дека Америка ќе има женски претседател, истакна Заев синоќа.
Од сето ова произлегува дека ништо не е сеедно, а најмалку поразот на Клинтон.  СДСМ не само што навиваа за демократите и се надеваа дека Хилари ќе победи, туку и активно учествуваа во кампањата на Клинтон. Причината за ваквата поддршка секако не е случајна, туку зад неа стои Џорџ Сорос, човекот кој финансираше милиони во кампањата на Клинтон и човекот за кого одработуваат лица како Влатко Васиљ, кој на било кој начин мора да ги оправда истите, па дури и со вакви очајни потези.По еуфоричната атмосфера која ја креваа, дека Клинтон е идниот претседател на САД и го исмејуваа Трамп како некомпетентен и недоветен, опозициските

Пронајдете не на следниве мрежи: