Водителката и актерката Опра Винфри, се најде во центарот на вниманието кога едно момче ѝ пришло по емисијата, тврдејќи дека е нејзиниот изгубен син.Американските таблоиди веднаш ја пласираа веста дека водителката одлучила да го остави додека бил бебе и тоа само затоа што сакала да оствари актерска кариера, но таа категорично ја демантираше веста.
„Калвин е името на момчето кое ми пријде по емисијата. Знам кој е, но тој не е мој син. Прв пат се сретнавме во 1990 година на сетот за снимање на филмот `Овде нема деца`, кога ми раскажа дека неговото семејство се наоѓа во лоша ситуација поради немаштијата и невработеноста. Оттогаш им помагам низ годините“, рекла Опра.
Опра додала дека дала сѐ од себе за да му обезбеди убава иднина, па дури и го запишала на приватен факултет во Мисисипи.
„За жал, тој не можеше да ги исполни своите обврски, па се откажа. Му дадов втора шанса и му платив уште еден факултет, но и оттаму го исфрлија. Тоа беше кон крајот на 90-те, кога за последен пат зборувавме“.
Водителката прилично се изнервирала кога дознала дека нивната средба била наместена за да може Калвин да им ја продаде приказната на таблоидите и така да заработи пари.
„Не сакам да разговарам со него по таквото однесување. Дури и ми побара да го посвојам додека го снимавме филмот и веројатно понатаму е лут што не го сторив тоа“ – раскажала таа.
Од друга страна, Калвин тврди дека не ја наместил целата ситуација, туку дека не знаел како на поинаков начин да ѝ пријде, бидејќи на сите можни начини се обидувал да стапи во контакт со неа.
„Депресивен сум и сакам да се убијам. Навистина сакав да ја видам Опра. Немав намера да ја повредам. Се надевам дека ќе ми прости и ќе ми објасни зошто ми е лута. Само сакам да ѝ се вратам“ – рекол тој.Американските таблоиди веднаш ја пласираа веста дека водителката одлучила да го остави додека бил бебе и тоа само затоа што сакала да оствари актер



