Вишиот суд во Белград одреди притвор од 30 дена за Кристијан Голубовиќ поради огласување на Фејсбук кое се однесуваше на учесничката на „Фарма 6“ Тамара Ѓуриќ. Голубовиќ беше уапсен во стан во Краљево пред неколку дена.Портпаролот на обвинителството изјави дека притворот е продложен врз основа на законските мерки.
Причините за одредување на притвор се – опасност од бегство, страв дека лицето повторно ќе стори кривично дело или ќе го доврши, влијаење врз сведоци и вознемирување на јавноста. Голубовиќ се товари и за кривично дело „загрозување на безбедност“.
Голубовиќ е сослушан поради статус на Фејсбук:
„Таа (Тамара Ѓуриќ) е жива и здрава само затоа што не им наредив на сите коишто ме обожуваат дека не смеат да ја допрат, а камоли да ѝ го направат тоа што го заслужува“.
Инаку, Голубовиќ го чека служење на казна од осум години затвор поради препродавање на хероин, но неодамна по четврт пат побара одложување на казната поради здравствени причини.
Судот наложи дополнување на медицинската документација за да одлучи за неговата молба, која со самото поднесување го одложува извршувањето на казната. Голубовиќ го чека служење на четири години затворска казна, бидејќи пола од казната веќе ја отслужил заедно со притворот кој ќе му се пресмета.Портпаролот на обвинителството изјави дека притворот е продложен врз основа на законските мерки.
Причините за одредување на притвор се &nda



