Сите објавуваат црно-бели фотографии на Фејсбук. Дали знаете зошто?

Веројатно веќе забележавте дека некои ваши пријатели објавиле црно-бели фотографии на Фејсбук (најчесто од детството) и напишале „предизвикот е прифатен“.Освен тоа, често се означени и некои нивни пријатели во коментари, со поттик да го сторат истото.
За разлика од многуте вирални предизвици, овој е помистериозен. Со него не доаѓа никакво објаснување или порака.
Дел од луѓето коишто објавуваат црно-бели фотографии тврдат дека повод за овој предизвик е кревање на свеста кај луѓето за ракот, но изгледа предизвикот не е поврзан со ниту една организација или акција.
„Да го исполниме Фејсбук со црно-бели фотографии за да ја покажеме нашата поддршка за борбата против ракот“ – е текстот кој повеќето го пишуваат.
Постои можност некој да го покренал предизвикот со хумана цел, но пораката едноставно се загубила по пат. Некои луѓе ставаат во описот на фотографијата текст дека се приклучуваат кон предизвикот за да изразат поддршка во борбата против болеста, но останатите не ја знаат причината зошто го прават тоа, освен што е забавно да учествуваат во вирални предизвици.
Предизвикот тргна од Индија, кадешто е многу популарен во последните месец дена, пишува Мирор.Освен тоа, често се означени и некои нивни пријатели во коментари, со поттик да го сторат истото.
За разлика од многуте вирални предизвици,

Пронајдете не на следниве мрежи: