Сити го доведува Нејмар во своите редови?

Манчестер Сити не се откажува од своите намери да во своите редови го доведе бразилецот Нејмар, управата на англискиот премиерлигаш прави се што е во нејзина моќ да ја реши оваа дилема околу големиот бразилски талент.
Талентираниот Нејмар успеа кон себе да привлече голем број на фудбалски светски гиганти, неговиот талент е неоспорлив, но, и самиот Нејмар во повеќе наврати изјави дека во моментов е сконцентриран само на Сантош.
Веќе имаше информации кои ги пласираа англиските медиуми за наводната преселба на Нејмар во Манчестер Сити, но, сето тоа остана само на шпекулации и ништо повеќе.
Имено, спортскиот директор на клубот, предводен од Ферано Соријано (поранешен директор на Барселона), и Чики Бегириштајн, се чини дека дава максимум од себе за да го доведе талентираниот бразилец во редовите на Манчестер Сити.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Манчестер Сити не се откажува од своите намери да во своите редови го доведе бразилецот Нејмар, управата на англискиот

Пронајдете не на следниве мрежи: