СЈО е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

СЈО е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ по потребите на СДС. Сите случаи и обвиненија кои тие ги покренаа беа политички мотивирани, без основни докази и крајно неаргументирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Случајот „Транспортер“ е типичен пример за политички инспирирана хајка и креирање случај и таму каде што го нема, со единствена цел давање на материјал за негативна кампања и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните, со цел политичка корист за СДС. СЈО во обвинението „Транспортер“ се служи со целосни конструкции и свесно создадени лаги. Тезата на СЈО дека градоначалникот на Битола заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници постапувале незаконски при тендерите за превоз на ученици е невистинита. Исто како што е неточно дека општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот. СЈО изнесе лажни сензационалистички наводи дека јавниот превоз во градот Битола е поскап од тој во Токио, што е груба манипулација со фактите со цел свесно лажење на граѓаните. Имено цената на превозот на ученици во Битола е постигната во законски спроведена постапка. Доколку СЈО сакаше да истражува вистински криминал за транспорт на ученици, наместо во Битола можеше да прочепка во Струмица каде превозот на ученици што го плаќа општината е дупло поскап од тој во Битола, истакна денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Секако, додаде Костовски, СЈО не се осмели да го истражува транспортот на ученици во општина Струмица, затоа што таму градоначалник беше Зоран Заев, патронот на СЈО, човекот кој беше помилуван од СЈО во случајот „Пуч“ со откажување од кривичниот прогон против него, иако за тоа постеше веќе отворен предмет од страна на ОЈО и признание од страна на Ѕвонко Костовски.
-Постапките на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие се алатка за една употреба на СДС, со цел оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече Костовски.Случајот „Транспортер“ е типичен пример за политички инспирирана хајка и креирање случај и таму каде што го нема, со единствена цел дав

Пронајдете не на следниве мрежи: