СЈО медиумски заплашува граѓани со апсења

Заканувачки зборови почнаа да доаѓаат од специјалното јавно обвинителство од каде што бараат граѓани, кои се предмет на интерес на ова обвинителство, да се јават во нивните простории зашто во спротивност можат и да бидат присилно доведени. Во изјава за порталот „Сакам да кажам“ од СЈО истакнале дека веќе е можно да се примени постапка за присилно доведување на лицата на распит доколку не јават на поканите, анализира Телеграф.мк.Во нивните изјави се наведува дека ќе била побарана асистенција и од Интерпол за да се остварат нивните намери присилно да ги доведат граѓаните дури и оние што се на одмор во странство или се на боледување.
„Веќе имаме одлична соработка со правосудните органи со земјите од ЕУ, со САД и со државите од поширокиот регион. Нам ни стојат на располагање познатите механизми за меѓународна соработка. Ќе ги употребиме сите механизми, па ако треба и ќе бараме судот да распишува потерници за предавање на евентуалните избегани сведоци и осомничени преку Интерпол“,рекле од тимот на Јанева во изјава за „Сакам да кажам“.
Од Обвинителството, како што пренесува Сдк.мк, некои од лицата повикани во предистражните постапки изјавувале дека се на одмор или службен пат, а имало и такви што доставиле и боледување како оправдување за нивното непојавување. Сепак, таквите оправдувања очигледно не важат за тимот на Катица Јанева, па во изјавата за Сдк.мк, истакнале дека СЈО ќе бара судот да издаде и налог за присилно приведување.
Експерти по право и познавачи на актуелната политичка состојба сметаат дека ваквото однесување на СЈО е резултат од немоќта да се креира случај против лицата кои тимот на Јанева ги сомничи по разни основи. Така, професорката Татјана Каракамишева истакнува дека СЈО станало синоним за орган кој ги злоупотребува законите и ги извртува законските одредби во казнено-процесната постапка.
„Може да се забележи дека СЈО стана синоним, второ име за орган кој ги злоупотребува законите и ги извртува законските одредби во казнено-процесната постапка. Не постои ниту еден предмет што СЈО го има оформено, а кој е во целосна согласност со одредбите од Законот за кривичната постапка. СЈО уште не започнало да работи, а веќе си го згази сопствениот авторитет пред јавноста преку легендарната изјава на Јанева дека ниту една македонска политичка институција нема легитимитет, освен неа. Само Јанева и СЈО имаат легитимитет во земјата. Никој друг. Само Јанева и СЈО имаат привилегирани права и посебна позиција во системот. Ниту еден друг јавен обвинител, ниту една друга странка“, вели Каракамишева во колумната „СЈО влета со 100 км на час во кривина“.
Според законските одредби, лице како осомничен, така и сведок може да се приведе само со одлука на суд, а обвинител може само да бара од судот таква одлука (чл.157, став 1 и чл. 224, став 1 од Законот за кривична постапка).
Целиот текст прочитајте го на Телеграф.мкВо нивните изјави се наведува дека ќе била побарана асистенција и од Интерпол за да се остварат нивните намери присилно да ги доведат граѓаните дур

Пронајдете не на следниве мрежи: