СЈО со своето однесување потврди дека креира политички спектакли

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева со своето однесување потврдува дека не работи во име на правдата, туку креира политички спектакли.Прво, неодговорно доцна СЈО испрати покана до екс-министерката Јанкулоска да се појави кај нив. Тие ја поканиле доцна вчера за денес да се појави на распит за случајот „Тврдина“.
Без докази и аргументи СЈО побарало од Јанкулоска да се произнесе за конструкциите на обвинителството кое јавноста ги препознава како нарачки на СДСМ.
И покрај се екс-министерката, за која СЈО воден од истата логика за креирање спектакли бараше посебни мерки за претпазливост, денес се појави во канцелариите на Јанева и ги демантираше уште еднаш ваквите конструкции на СДСМ и СЈО.
-Денес дојдов во СЈО на нивна покана, која и покрај тоа што ми беше доставена вчера доцна попладне, јас уредно се одзвав, со што практично паѓаат во вода сите нивни тврдења дека се потребни не знам какви мерки за успешно да ја водат постапката која ја започнаа. Се работи за предмет за кој неколку пати е зборувано во јавноста, за кој неколку пати тие предлагаа мерки за претпазливост и за кои судот одлучи онака како што процени согласно доказите и фактите кои му беа приложени. Меѓутоа, како странки кои би морало да бидат рамноправни во една постапка, јас и тимот на мојата одбрана инсистираме да бидат исполнети барем минимум елементарни услови за процедурата да може да се одвива каде што ќе бидат испочитувани минималните права на странките во постапката. Токму во тој контекст денес побаравме минимално почитување на процесните права, но јас од друга страна со оглед на тоа што професионално се занимавам со политика веќе подолго време, свесна сум дека ова што сега се случува можеби и на брзина од страна на СЈО е резултат на тоа што се наближуваат изборите и како што јавноста во повеќе наврати беше сведок и медиумите коментираа, тие се целосно ставени во функција на политичката кампања на опозицијата, која и после толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Република Македонија и единствената и според нив најважна алатка за претстојните парламентарни избори, останува да биде СЈО. Во периодот што следува очекувано е вакви распити да се повторуваат, да има интензитет на работа, впрочем како што го најавија тоа и самите претставници на обвинителството, истакна Јанкулоска.
Дека СЈО ја повика екс-министерката за да направат спектакл, признаа и самите.
Специјалното јавно обвинителство и предочило на Јанкулоска дека има право на увид во доказите против неа, пред да даде исказ, велат за Мета од СЈО.
– Увидот во доказите е право на странките во постапката и ние тоа им го предочуваме на лицата кои се повикуваат да дадат исказ, рекле од СЈО.
Јанева и нејзиниот тим многу добро знаат какво право имаат странките кои доаѓаат по покана кај нив, но сепак селективно и неодговорно, спротивно на законот, тие упорно се обидуваат да им го ускратат правото на поединци.Прво, неодговорно доцна СЈО испрати покана до екс-министерката Јанкулоска да се појави кај нив. Тие ја поканиле доцна вчера за денес да се појави н

Пронајдете не на следниве мрежи: