СЈО станува база за згрижување на партиски кадри и членови на семејството

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева станува база за згрижување на сдсмовски партиски кадри и членови на семејствата на потесниот круг соработници на Јанева. Според информациите, од вчера во СЈО се вработени нови 34 лица.Од вчера во специјалното јавно обвинителство се вработени нови 34 лица. Во СЈО молчат и не ја информираа јавноста за ваквата одлука, иако станува збор за огромни средства кои ќе се одлеваат од буџетот по основ на плати.
Скандалот да биде поголем, според информациите до кои дојдовме, една од нововработените е Елена Јосифоска, чија мајка е обвинителка токму во СЈО, односно е дел од тимот на Катица Јанева. Нејзината ќерка не е единствената роднина на Елена Јосифовска која добила решение, бидејќи во СЈО е вработен и Владимир Миладиновски, кој е дел од нејзиното семејство
За вработување на свој близок се изборил и обвинителот Гаврил Бубески. Неофицијално, решение за вработување добил Љупчо Чучурски од Берово, негов прв братучед.
Катица Јанева располага со огриомни средства кои и се доделени од буџетот, но барем засега изостанува отчет пред јавноста и пратениците како се трошат парите на граѓаните. Останува нејасно зосто Јанева бегаше и не сакаше да го брани извештајот во Собрание.
Експертите толкуваат дека се работи за мегаломанство и расфрлање со парите на граѓаните. Дел од медиумите вчера објавија дека кружат информации дека на платниот список на Катица Јанева се адвокатот Александар Тортевски, поранешниот обвинител Јован Трпеновски и професорот Светомир Шкариќ, кои секојдневно се појавуваат во медиумите да ги бранат ставовите на специјалното обвинителство.
 СЈО не дава одговор дали е точно дека токму Тортевски, Трпеновски и Шкариќ биле ангажирани од Јанева и доколку биле за колкава сума станува збор. Јавноста има право да знае бидејќи станува збор за народни пари за кои постои сомнеж дека се трошат само за одбрана на СЈО по медиумите, односно кампања во корист на Катица Јанева.
Од СЈО изостана одговор дали токму овие лица се на списокот. Токму поради ова, со резерва се земаат сите бледи настапи на таканаречените експерти за кои постои сомнеж дека се дебело платени по медиуми да ја бранат Јанева и да ја покриваат за сите пропусти во нејзиното работење.
Сепак, според анкетите, многу мал дел од граѓаните сметаат дека Катица Јанева и нејзиниот тим работат професионално и непристрасно. Имено, во истражувањата преку 60% од граѓаните сметаат дека Јанева е партиски експонент на СДСМ или постапува исклучиво по налог на некои меѓународни претставници.
Последната анкета покажа дека дури 64,3 проценти од испитаниците немаат доверба во работата на Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство, а 67,8 проценти сметаат дека обвиненијата за одредени функционери на власта не се издржани. Високи 88 проценти од испитаниците велат и дека истите тие обвиненија на специјалното јавно обвинителство за одредени функционери на власта, нема да влијаат на одлуката за кого ќе гласаат на изборите.Од вчера во специјалното јавно обвинителство се вработени нови 34 лица. Во СЈО молчат и не ја информираа јавноста за ваквата одлука, иако станува з

Пронајдете не на следниве мрежи: