ШК „Алкалоид“ стартуваше со победа против „Augusta Perusia“

Во интересен меч, Европскиот шампион, екипата на ШК Алкалоид извојува победа против „Augusta Perusia“.На првата табла Динг Лирен водејќи ги белите фигури не успеа да се здобие со предност од отворањето. Партијата набрзо влезе во многу фигурна завршница каде што црниот имаше непријатна контра-игра. Несакајќи да ризикува, овогодинешниот финалист на Светскиот Куп, се согласи на реми со повторување на потези.
Со црни фигури Дмитри Андреикин одигра отворање кое ретко се среќава во велемајсторската практика, со цел да наметне остра позиција каде што полесно би го надиграл својот противник. Настана неизвесна позиција каде што белиот некоректно жртвуваше фигура по што Андреикин подобро се снајде во комплицираните варијанти и заслужено извојува победа.
Вториот кинески велемајстор Ју Јангји покажа сигурна игра. Без многу напор, рутиски, го надигра својот противник. Партијата беше решена уште во самото отворање кога црниот се здоби со слаби пешаци на даминото крило. Целата партија беше „игра на еден гол“, а Јангји беспрекорно ја реализираше својата предност.
На четвртата табла Јаковенко се одлучи за Гринфелдова индиска одбрана, отворање кое е многу популарно во последните неколку години. Тој покажа подобро теоретско познавање и подобра подготовка од својот противник, па после отворањето се здоби со иницијатива, која што резултираше со материјална предност. Имајќи пешак повеќе без никакви проблеми успеа да ја добие топовската завршница.

Долгогодишниот член на Алкалоид, велемајсторот Криворучко водејќи ги белите фигури се здоби со предност уште во отворањето. Со прецизни потези не му дозволи никаква контра игра на својот противник и очекувано ја доби партијата
Интернационалниот мајстор Филип Панчевски водејќи ги црните фигури загуби од младиот италијански шахист Seresin  Francesco на шестата табла, за конечен резултат од 4.5-1.5 за Алкалоид.
Во останатите мечеви, сите фаворити одиграа без поголеми изненадувања остварувајќи високи победи во мечевите. Во второто коло екипата на ШК Алкалоид за противник ќе ја има силната руска екипа ШСМ Легаси Сквер Капитал. На минатогодишниот Европски Клупски Куп дуелот меѓу овие две екипи се одигра во последното коло и заврши нерешено (3:3) со шест борбени ремија.
За сите информации за Европскиот Клупски Куп 2017, повеќе детали на:
www.chessclubalkaloid.org и на Facebook страната на шаховскиот клуб „Алкалоид”.На првата табла Динг Лирен водејќи ги белите фигури не успеа да се здобие со предност од отворањето. Партијата набрзо влезе во многу фигурна

Пронајдете не на следниве мрежи: