СКАНДАЛ: Цеца е зло, треба да гине во затвор, а не да пее!

На интернет се појави петиција во која се бара забранување на настапот на Цеца Ражњатовиќ во Петроварадинската тврдина.Невидена брука
Дел од граѓаните на Нови Сад покрена петиција на интернет против најавениот настап на Светлана Цеца Ражњатовиќ на Тамбурица фест на 28 јуни на Петроварадинската тврдина. На Фејсбук веднаш потоа е направена група „Стоп Цеца на тврдината“ а во текстот објавен на порталот peticije24.com, и споменатата социјална мрежа стои:
– Цеца е вдовица на воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ Аркан. Таа со него одеше по логори во текот на 90-тите и учествуваше во неговиот „бизнис“, а по неговата смрт целосно го презема. Со своите песни учествуваше во пропагандна машинерија која за цел имаше населението да го држи во воена кома – пишува меѓу останатото во текстот.

 
Виновна за егзодусот
Поп-ѕвездата индиректно се обвинува за прогон на населението од Војводина во текот на деведесеттите и се поставува прашањето зошто е поканета да пее на фестивалот.
– За сите нејзини постапки Ражњатовиќ заслужува да биде во затвор,со  максимална казна. Тоа што Србија е банана држава и дека се се заврши на електронска нараквица не значи дека не треба да се бориме против таквите злосторници. Дополнителна шлаканица ни е на нас во Војводина нејзиното настапување на фестивалот. Тоа не смее да се дозволи. Војводина отсекогаш била мултикултурно општество, и затоа од таквите како што се Аркан и неговата пејачка, многу жители во деведесеттите години во Војводина беа протерани – вели петицијата, која досега е потпишана од околу две илјади луѓе.

Цеца остана недостапна за да даде било каков одговор во врска со ова прашање.

 

Во одбрана на Цеца застана др. Јован Пејчиќ, претседател на организацскиот одбор на Тамбурица фест.
– Петицијата не ме интересира. Текстот е исклучително злонамерен и невкусен ,пример за говор на омраза. Мислам дека Цеца е уметник кој може да придонесе за промоција на тамбурашката музика. Горд сум што се согласи да гостува во ревијалниот дел од програмата – вели Пејчиќ за српски Курир и нагласува дека таа ќе изведе неколку песни во придружба на тамбурашкиот оркестар.Невидена брука
Дел од граѓаните на Нови Сад покрена петиција на интернет против најавениот настап на Светлана Цеца Ражњато

Пронајдете не на следниве мрежи: