Жените од конзервативните арапски земји останале шокирани по настапот на една популарна пејачка од Либан.Поп пејачката Хаифа Вехбе, минатата недела беше гостинка во емисијата Arab Star Academy. Таа била облечена во долг црн фустан, со проѕирни елементи.
Би помислиле дека нема ништо необично тука. Но, дебатите што се покренаа по нејзиниот настап, покажуваат колку облекувањето на жените во арапскиот свет е деликатна тема за дебати.
Голем број жени, главно од Египет, Јордан и Саудиска Арабија, го осудија нејзиниот начин на облекување и го прогласиле за скандалозен.
„Уметноста има граници Хаифа, а ти ги премина“, напишала една жена.
Една твитерџика искоментира: „Навикнавме на скандалозни начини на облекување, но ова секако беше шок за гледачите.“
Колку за информација, на жените во Либан им е дозволено да носат бикини и мини сукњи, но во другите арапски земји не е. Затоа настанала оваа жестока расправија.
Либанската блогерка Дана Каирала, рече дека целата расправија зема поголеми размери бидејќи во арапското општество и онака постојат разлики во мислењата што би требале да носат жените, а што не.
НОВ УДАР ВРЗ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ: „Жените со убави очи ќе нозат вел преку цела глава“
Поп пејачката Хаифа Вехбе, минатата недела беше гостинка во емисијата Arab Star Academy. Таа била облечена во долг црн фустан, со проѕирни елементи



