Скандал: Ременски крие документи, се кршат неколку закони во МТСП

Нови сознанија за кршење на законите во министерството за труд и социјална политика. Овојпат се прикриваат документи и акти потпишани од техничката министерка. Од сите наредби, барања нови вработувања, разрешувања и именувања на комисии, решенија за овластувања, според наши извори не се остава архивски примерок што директно се прекршува член 267 од Кривичниот законик, објави Денешен.Министерството за труд и социјална политика повторно е потресено од нови скандалозни одлуки на техничката министерка и нејзиниот кабинет. Анонимни подносители се обратиле до дополнителниот заменик министер известувајќи го дека од потпишаните документи од страна на техничкатата министерка не се доставува архивски примерок. На тој начин сите контроверзни одлуки за кој медиумите информираа минатите денови се чуваат во најголема тајност а вработените се известуваат усно за настаните промени.

Поаѓајки од анонимната претставка и во насока на заштита на законите, дополнителниот заменик министер експресно реагирал при што побарал да се изврши надзор од страна на Државниот управен инспекторат и Инспекцискиот совет во работата на архивата на министерството.

На потег се двете институции кои требат да превземат мерки за незаконското работење.
И во минатиот мандат, јавноста беше сведок на неколкукратно прекршување на Законот за Влада од страна на Фросина Ременски со тоа што го попречуваше правото на дополнителниот заменик министер да има пристап до сите акти, документи, и информации кои му се на располагање на министерот. Исто така му се оневозможува на дополнителниот заменик министер да учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Закон за организација и работа на државните органи.
Во овој случај се прекршува Уредбата за канцелариско и архивско работење, се прекршува и Законот за архивски материјал..
Од она што го истраживме со ова прикривање на документи се починува и прекршување на Кривичниот Закон конкретно член 267 кој е дециден дека”Уништување или прикривање на необработен архивски материјал Тој што ќе уништи или прикрие документарен материјал пред да биде одбран од него архивскиот материјал така што тој не може да послужи како извор на архивска граѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години”
Се чини дека министерството за труд и социјална политика повторно се внесува во хаос и како институција се разорува. Скандалите и незаконското работење повторно се составен дел од неговата работа во услови кога треба да се организираат предвремени парламентарни избори.Министерството за труд и социјална политика повторно е потресено од нови скандалозни одлуки на те

Пронајдете не на следниве мрежи: