СКАНДАЛ ВО ТЛЗП: Поради нападот на Бане и „Гранд“, Марија ја исфрлаат од шоуто!

„Гранд продукција“ остро реагирала на прозивките на Марија Михајловиќ, која како член на жирито на шоуто „Твоето лице звучи познато“ го изнела својот суд за тоа  како продукцијата и ТВ- Прва го форсираат српскиот пејач Бане Мојичевиќ, поради што таа во финалето на овој натпревар ќе му даде минимален број на поени.Незадоволството кое јавно го изразила преку Фејсбук, пејачката не го поткрепила со никакви аргументи, но предизвикала многу бурни реакции, како на социјалната мрежа, така и помеѓу спомнтатите учесници во шоуто.
– Продукцијата не може да  фаворизира ниту еден од учесниците на шоуто, со оглед на тоа што на ниту еден начин не учествува во организацијата на истата. Покрај тоа Бане во текот на траењето на серијалот ниту еднаш не бил гостин во некоја од емисиите од нашата продукција. Па така непрофесионалниот испад на Марија го толкуваме како евтин обид да не победи некој пејач кој доаѓа од „Гранд  продукција“. Сето ова повлекува нејзина дисквалификација од жирито, бидејќи таа јавно кажа дека Бане ќе го оцени со минимален број на поени без разлика на квалитетот на неговата имитација и тоа од непрофесионална причина – соопштиле од прес службата на „Гранд продукција“,

Мојичевиќ пак изјавил дека не сака да му суди на жирито, но тврдел дека обвинувањата не го вознемируваат и дека е фокусиран само на својот настап.
Публиката му е најважна
– Тоа е нејзино мислење и немам тука што да коментирам. Јас својот квалитет го покажувам со тоа што го работам на сцената и не им придавам важност на другите бидејќи лична работа е што кој ќе мисли. Мене ми е најважно што во финалето гласа публиката и најважно ми е тоа мерило, судот кој ќе го донесе публиката. Незадоволството кое јавно го изразила преку Фејсбук, пејачката не го поткрепила со никакви аргументи, но предизвикала многу бурни реакции, како на

Пронајдете не на следниве мрежи: