СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА: Откако е докажано дека Девин е вонбрачен син на Мирослав Илиќ, пејачот порача…

ДНК анализата која покажува дека Мирослав Илиќ е татко на Девин Антоновиќ, ја изненади јавноста. Додека поединци веруваат во веродостојноста на резултатите, многумина се посомневаа.Но, „Славејот од Мрчаевци“ воопшто тоа не го интересира. Имено, поранешната љубовница на Мирослав, Мирјана Антоновиќ, дошла до негов ДНК примерок и во Бостон направила анализа по која се покажало дека веројатноста е 99,9992% Мирослав Илиќ да му е татко на Девин.
-Не знам зошто воопшто ми се јавувате. Не ме интересираат било какви приказни и наоди, нема причина да коментирам такви нешта. Во моментов ме интересираат климатските промени во светот – кратко изјавил Илиќ.
Колку за потсетување, Мирослав во неколку наврати одби да го признае Девин за негов цин, а кога Мирјана годинава дошла со неговиот наследник во Србија, тој одбил да ги види.

Пронајдете не на следниве мрежи: