Шкода Октавиа – автомобил на годината во Македонија

На 19-от национален избор на автомобил на годината во Македонија за 2014, Шкода Октавиа е избрана за автомобил на годината.На 19-от национален избор на автомобил на годината во Македонија за 2014, Шкода Октавиа е избрана за автомобил на годината. Националното стручно жири составено од Агрон Сулејман-претседател, Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљарац -почесен член, во конкуренција на Мазда 3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008 и Сузуки С-Крос, едногласно ја избра Шкода Октавиа за автомобил на годината за 2014.
Ова е втора титула за Шкода Октавиа, која исто така и во 1999 година ја понесе оваа престижна награда – Автомобил на годината во Македонија.
Атрактивна и економична, третата генерација на Октавија – најпопуларниот модел од брендот Шкода овозможува удобно,  безбедно и практично патување. Уште поголем простор и комфорно место за пет лица, како и најголем багажник во класата со волумен од импресивни 590 литри. Автомобилот може да се пофали занчително зголемена безбедност и  19 проценти помала потрошувачка на гориво,  што  претставува  одлична заштеда, особено при долгите патувања.
Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни” решенија , нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото, но и многу други корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно. Секако тука е и непобедливиот сооднос квалитет / цена.
Сите овие карактеристики беа причина жирито едногласно да ја донесе својата одлука и да ја прогласи Шкода Октавија за победник на националниот избор за 2014 година.На 19-от национален избор на автомобил на годината во Македонија за 2014, Шкода Октавиа е избрана за автомобил на годината. Националното стручно жи

Пронајдете не на следниве мрежи: