Škoda Rapid победи на “Авто Трофеј 2012”

Неколку недели по лансирањето на германскиот пазар, моделот ŠKODA Rapid ја освои наградата  “Авто Трофеј 2012”, а истражувањето го направи списанието Auto Zeitung.Над 110.000 читатели на овој германски специјализиран магазин го прогласија компактниот седан на Škoda за победник во категоријата “најдостапен автомобил” и со тоа Rapid ја освои посакуваната награда “Авто Трофеј за 2012 година.”Првите награди за Škoda Rapid ги потврдија одличните квалитети на автомобилот, кој неодамна пристигна и во салоните на Porsche Macedonia, се наведува во соопштението доставено во вторникот до македонските медиуми .„Воодушевени сме што читателите на Auto Zeitung ги препознаа предностите на нашиот нов автомобил Škoda Rapid. Тоа ја потврдува нашата производна стратегија, која ги обезбедува нашите клиенти со автомобили со одличен сооднос цена/квалитет, голем простор за патниците, голем багажен простор и неспоредлив квалитет –  „едноставно умен” – изјави извршниот директор на Škoda Винфрид Валанд на свеченото доделување во Дизелдорф.Валанд ги пофали наградите „Авто Трофеј“ затоа што изборот го базираат на мислење на возачи со големо искуство.Освојувањето на Авто Трофеј 2012 е втор голем успех за Škoda Rapid, претходеше третото место на “Златен волан” доделено од страна на магазинот Auto Bild.
МакфаксНеколку недели по лансирањето на германскиот пазар, моделот ŠKODA Rapid ја осв

Пронајдете не на следниве мрежи: