Скопјанец од профилот на поранешната девојка испраќал заканувачки пораки на нејзините познаници

Дваесет и тригодишен скопјанец заработи кривична пријава бидејќи од Фејсбук профилот на поранешната девојка, без нејзино знаење и дозвола праќал заканувачки и недолични пораки до нејзините познаници.Поранешната девојка на пријавениот хакер и нејзината мајка забележале дека во пораките на нивните профили постои содржина која тие никогаш не ја испратиле.
Во ноември минатата година оштетената девојка ја прекинала љубовната врска со пријавениот А.Е.
По некое време девојката забележала дека во нејзиното сандаче со испратени пораки има и такви кои никогаш не ги напишала. Содржината на пораките била недолична и заканувачка. Од полицијата соопштуваат дека по пријава на мајката и ќерката биле преземени мерки за да се открие кој им ги хакирал нивните профили и кој во нивно име испраќа пораки на блиски луѓе.
По анализа на добиените податоци се потврдил сомнежот дека поранешниот дечко со цел да им наштети, без нивна согласност, ги набавил нивните лични податоци и ги користел фејсбук-профилите, злоупотребувајќи ги податоците на Интернет и испраќајќи пораки на други лица со недолична и заканувачка содржина. Пријавениот А.Е. ќе одговара за злоупотреба на лични податоци.Поранешната девојка на пријавениот хакер и нејзината мајка забележале дека во пораките на нивните профили постои содржина која тие никогаш не ја ис

Пронајдете не на следниве мрежи: