Скопјани се гушат од нечистиот воздух во главниот град

Секоја грејна сезона Скопје мириса на прашина и хемикалии, па граѓаните добиваат апели, но не и конкретни мерки„Град Скопје има мал обем надлежности во врска со проблемот на загадувањето на воздухот кој според мерењето на Министерството за животна средина и во главниот град е неквалитетен, а загадувањето е над максимално дозволената граница од 50 микрометри. Надлежностите во тој дел ни се поделени. Ќе стапиме во контакт со Министерството и ќе ги дискутираме мерките кои треба да се преземат и во консултација, доколку е потребно, ќе преземеме соодветни мерки“, рече деновиве градоначалникот Коце Трајановски во врска со аерозагадувањето на Скопје. Иако градот константно се загушува во сопствената смрдеа, а концентрациите на прашливите честички ПМ 10 на мерните места достигнуваат до 400-500 микрограми, што е дури 8 до 10 пати над дозволеното ниво, мерките се' уште постојат само во соопштенија. И тоа репризно секоја грејна сезона.
Не дека во лето аерозагадувањето ги задоволува критериумите на законодавството на ЕУ и Светската здравствена организација. Дозволениот број надминувања на ситната прашина на годишно ниво е ограничен на 35 дена, а во делови во Скопје има 250-280 загадени денови. Сепак, и понатаму остануваат единствено усни апели од градските и општинските власти и од Министерството за животна средина. Ништо поконкретно.
Скопјани ќе го чекаат 1 април 2014, последниот рок за исполнување на еколошките стандарди на фабриките, па да видат дали некој од загадувачите ќе добие клуч на врата. „Она што и кај нас треба да се случи е централната и локалната власт да сфатат дека мора да соработуваат и да го решат проблемот. Да се затворат или дислоцираат големите индустриски загадувачи, еднаш неделно да се воведе ’ден без автомобили’, да се популаризира изнајмувањето велосипеди“, потенцира екологистот Петар Лозановски.„Град Скопје има мал обем надлежности во врска со проблемот на загадувањето на воздухот кој според мерењето на Министерството за животна сред

Пронајдете не на следниве мрежи: