СЛАБИ ТОЧКИ на хороскопските знаци: На Биковите не им „чепкајте“ по личните работи, а Скорпиите ако ги повредите, знајте дека…

Сите ние имаме по некоја слаба точка, а знаевте ли дека одредена слабост може да е поврзана со вашиот хороскопски знак? Еве го слабите точки на секој хороскопски знак.
 Овен
Овните не сакаат кога им се наредува. Сите оние кои ќе им наредат нешто или ќе им зборуваат како нешто да направат, повеќе нема да бидат дел од нивното друштво. Ретки се Овните кои ги сакаат своите шефови. И уште една работа која треба да ја одбегнете кај Овните е тоа да не им зборувате за нивните мани.
Бик
Биковите не сакаат кога некој им пречи додека одмараат, ручаат или кога им се „чепка“ по личните работи за кои се многу врзани. Ако ги прекинете во одморот или ручекот, тие ќе станат нервозни и тогаш е подобро што побрзо да се тргнете настрана. Често забораваат дека нематеријалните работи се повредни од материјалните.
Близнаци
Близнаците многу лесно и брзо ќе се навредат ако им кажете дека молчат, дека тоа што прават не чини или ако им кажете дека се досадни. Тоа може да предизвика прекин на секаква комуникација со вас. Исто така најмногу мразат кога им кажувате како да возат.
Рак
Раковите најлесно ќе ги изнервирате така што ќе им наметнете работа која нема врска со домот, луѓето или семејството. Едноставно не сакаат кога нешто мораат да направат сами, без друштво. Исто така ако се обидете да им ја промените навиката, тука ќе наидете на голем отпор, а можни се и препирки.

 
Лав
Лавовите најмногу мразат кога им се наредува. Не сакаат да зборуваат за своите финансии. Не поднесуваат луѓе кои се фалат, и кои се прават важни во друштво. Исто така онаа изрека која сите ја знаеме „не дирај Лава док спава“ не е залудно смислена, едноставно избегнувајте да ги будите, освен доколку немате добра причина за тоа.
Девица
На Девиците никако немојте да им го критикувате стилот на облекување, како и нивниот распоред на мебел во домот. Ако тоа го направите, Девиците стануваат многу чувствителни и постои можност за ви замерат поради тоа. И не се обидувате да им наредите каде и кога мораат да бидат – најдобро е тие самите тоа да ви го кажат.
Вага
Вагите никако немојте да ги наговарате да го кажат своето мислење, тие сами ќе го кажат кога ќе мислат дека е вистинско време. Вагата не поднесува расправии и препирки, па ако се обидувате да се расправате со нив, тие едноставно ќе е игнорираат и ќе отидат на друга страна.
Скорпија
Скорпиите не сакаат кога им се наредува. Ако на тоа инсистирате тие едноставно нема да ве послушаат, а може да се случи и да го направат токму спротивното од тоа што сте им го наредиле. Ако Скорпиите ги повредите, знајте дека тешко простуваат, не сакаат лаги и никогаш не забораваат.

 
Стрелец
Стрелците едноставно не сакаат обврски. Тие самите ќе работат кога им се работи, а ако ги терате нешто да направат, само ќе ја влошите работата. Исто така не сакаат да го поминуваат своето време во затворена просторија, најубаво се чувствуваат во природа. Исто така не сакаат молчаливи личности.
Јарец
Јарците многу тешко ја поднесуваат туѓата несериозност, бидејќи ретки се случаите кога самите тие се несериозни. Не сакаат кога ги брзате, поради една едноставна причина: тие секогаш доцнат. Затоа и не сакаат состаноци кои се закажани во одредено време.
Водолија
Водолиите не сакаат спори луѓе кои одолговлекуваат со своите обврски. Кај Водолиите се мора веднаш да се заврши, бидејќи едноставно не можат да бидат мирни со сознанието дека имаат недовршена работа. Водолиите сметаат дека живот без стрес и брзање, не е живот. А единствена работа од која се плашат е тоа да не останат сами, затоа постојано мораат да имаат пријатели околу себе.
Риби
Рибите тешко поднесуваат кога некој ги игнорира. Рибите не можат да поднесат кога помагаат некому, а таа личност не знае да го цени нивниот труд и нивната помош. Најдобро е да не им пречите додека нешто работат, бидејќи тоа многу лесно ги нервира. Овен
Овните не сакаат кога им се наредува. Сите оние кои ќе им наредат нешто или ќе им зборуваат како нешто да направат, п

Пронајдете не на следниве мрежи: