Славна пејачка открива: „Десет години сум на хормонска терапија, здравјето ми е нарушено“

Јелена Розга откри дека веќе десет години има проблеми со тироидната жлезда. Тоа за неа е најдолгата битка во животот имајќи предвид дека сѐ друго ѝ оди како „подмачкано“.„Имам проблеми со тироидната жлезда веќе 10 години, затоа што сум преголем емотивец. Во оваа работа треба да се биде малку посилен од мене“ – вели Јелена во интервју за РТЛ.
Една од најпопуларните хрватски пејачки на сцената е речиси 20 години, но тоа има и своја цена.
„Здравјето ми е нарушено. Веќе 10 години сум на хормонска терапија, Eutiroxu 75 милиграми, но добро. Сѐ уште сум под 100“ – вели Розга.

Пејачката додава дека за тоа зборува отворено за да ги поттикне другите девојки на искреност кон себеси и кон другите. Вели дека не сака да глуми: „Најлошо е да ја лажете својата публика и навистина нема потреба за тоа. Вистината некако излегува на виделина“.
Розга, која е во среќна врска со Стјепан Хаусер од 2Челос, вели дека најтешко ѝ паѓа неправда и злоба.
„Алергична сум на тоа. Навистина сум алергична, ама што да правам, таква сум“.
Најубаво се чувствува кога го минува времето со својот партнер и со пријателите.
„Конечно најдов маж кој ме чува како капка вода на дланка, работата ми оди, сѐ е како што треба. Секако дека секоја нова песна е нов стрес, секоја песна е лотарија. Ама ете, имам феноменална екипа која ми помага и најдобрите пријатели и родители кои се покрај мене за сето тоа полесно да го издржам“ – вели хрватската поп пејачка.„Имам проблеми со тироидната жлезда веќе 10 години, затоа што сум преголем емотивец. Во оваа работа треба да се биде малку посилен од мене&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: