Славни, а СКРОМНИ: Колку ќе потроши Ѓоковиќ за неговиот летен одмор во Грција?!

Новак и неговата тазе сопруга, избрале да се одмараат во Полихроно, каде најскапиот десетдневен аранжман чини..Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, и неговата сопруга Јелена, пред неколку дена ја завршија свадбената церемонија на Свети Стефан, па отпатуваа во Грција на петдневен меден месец кој нема да ги чини повеќе од 300 евра по особа.
Новак и неговата тазе сопруга, избрале да се одмараат во Полихроно, каде најскапиот десетдневен аранжман чини 600 евра. За разлика од јавните личности, односно светските ѕвезди кои се натпреваруваат кој ќе плати поскапо летување, на еден од најбогатите спортисти тоа не му падна на памет, иако не постои дестинација која не може да си ја дозволи.

 

„Јелена и тој размислуваат сосема спротивно од џет сетерите. Сакаа впечатоците од свадбата да ги сумираат на мирно место, како што е Северна Грција, без лажен гламур, фенси места и беспотребен луксуз. Со оглед на тоа дека тоа е мирно место, со неколку ресторани и без ноќен живот, тоа добро ќе им дојде поради бременоста на Јелена и турнирот кој го очекува Новак во Америка. И двајцата се слични кога се однесува на скромноста и сметат дека убавината на морето нема потреба да се замени со скапоцени џакузи и базени во склоп на хотел. Не се занимаваат со материјални работи, туку со суштината, а во овој момент, најважно им е да бидат заедно“, изјавил извор близок до младенците.
Во делот на Халкидики на кој тие моментално се наоѓаат, ноќниот живот завршува најдоцна до полноќ, по што владее мир и тишина. Во скромните хотели најчесто отседнуваат парови или семејства со деца, бидејќи водата е многу плитка. Нема голем луксуз ни кај рестораните, додека хотелите со пет ѕвезди се ретка појава. По Полихроно, тие двајца ќе одат неколку денови во Италија.Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, и неговата сопруга Јелена, пред неколку дена ја завршија свадбената церемонија на Свети Стефан, па отпату

Пронајдете не на следниве мрежи: