Смени, откази и трансфери ги одбележаа последниве десетина денови во медиумите под контрола на СДСМ/Сорос

Loading...

Смени, откази и трансфери ги одбележаа последниве десетина денови во медиумите под контрола на СДСМ/СоросБројните рокади на големо се коментираат во новинарските кулоари, но причината за овие чекори веројатно ја знаат само Заев и скапо платените советници од Србија кои го добија прекарот продавачи на скапа магла.
Останува дилемата дали лично Заев ги влече овие чекори или влијание во трансферите има и Роберт Поповски, директорот на Центарот за комуникации на СДСМ, кој порано работеше во Телма и беше близок соработник од МТВ на Оливера Трајковска, но и Претседател на ЗНМ.
Втора причина која се наведува е вмешувањето на Мухамед Зекири, сега висок функционер на СДСМ кој до скоро се претставуваше како независен новинар, работејќи во ТВ Алсат и ТВ Шења.
Изминатиов период оваа тема, кадровските промени во опозициските медиуми под контрола на СДСМ/Сорос, беше активна и на социјалните мрежи. Во Мај месец оваа година неколку искусни новинари во ТВ Телма им беа поделени отказни решенија. Дел од нив се договрија со менаџментот и остана во телевизијата со понизок статус и пониски примања, а дел ги прифатија отказните решенија и заминаа од телевизијата.
Вчера на својот фб профил, новинарот Миленко Неделковски објави дека неколку новинари од телевизија Телма веќе поднеле отказни решенија незадоволни од притисокот кој им го вршеле раководството на телевизијата.

На шпекулациите по социјалните мрежи свој кометнар даде и директорот Кировски. Тој во својот статус ниту ги потврди, ниту ги негираше овие информации за новите трансфери во опозициските медиуми.

 
Според наши информации овие пишувања по социјалните мрежи се потврдени од страна на еден од искусните новинари кој својот отказ го ставиле на бирото на директорот Атанас Кировски. Новинарот го потврдил и својот премин во Алсат тв и како што потенцирал тоа го направил заради поголема плата и најмногу заради коректниот одност кој му бил гарантиран од менаџментот од Алсат Тв.
Последните трансфери или откази од Телевизија Телма се само дел од големиот број на престројувања во медиумите на СДСМ/Сорос. Претходно со политичкиот договор СДСМ ја постави Санта Аргирова како партиски уредник во Македонската радио телевизија. Пред само неколку дена само прогласениот независен новинар Мухамед Зекири од ТВ Шења премина во редовите на СДСМ, како член во Централниот одбор и Извршниот одбор. Поранешниот новинар на А1, Младен Чадиковски имаше трансфер од неделникот Фокус во ТВ 24 вести. И еден од последните трансфери кој беше многу коментиран по медиумите и социјалните мрежи е оној на Оливера Трајковска која од 24 Вести премина во ТВ Телма.
Дилемите кои постојат во јавноста го отвораат прашањето дали СДСМ/СОРОС навистина искрено говореа за наводен притисок на политиката врз новинарството, а на дело се повеќе се шушка дека токму тие се факторот на компромитирање на професионалноста на медиумите и новинарите.Бројните рокади на големо се коментираат во новинарските кулоари, но причината за овие чекори веројатно ја знаат само Заев и скапо платените советн

loading...