Смртоносна сообраќајка во Галичник

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 9:45 часот се случила во Галичник.Од полицијата информираат дека сообраќајката се случила на локалниот пат од центарот на Галичник кон хотелот Меда кога 74-годишниот З.Д. од Маврово управувајќи „Ленд Ровер“ излетал од патот во провалија, удрил во потпорен ѕид и застанал на пат кон води кон долно маало во селото.
На лице место животот го загубил возачот, а со тешки повреди се здобил сопатникот М.Р. (37) од селото Присојница кој по укажаната лекарска помош во гостиварската болница е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на несреата извршиле полициска екипа и јавен обвинител.Од полицијата информираат дека сообраќајката се случила на локалниот пат од центарот на Галичник

Пронајдете не на следниве мрежи: