четврток, 26 ноември 2026
Најново

Снајперист за малку ќе стрелал кон свечената ложа на отворањето на СП

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицискиот снајперист побарал дозвола да пука кон свечената ложа каде била претседателката на Бразил, Дилма Русев, под изговор дека околу неа има вооружен човек.Асошиејтед Прес јавува дека за време на свеченото отворање и натпреварот помеѓу домакинот Бразил и Хрватска на стадионот Коринтианис биле распоредени снајперисти.
Еден од снајперистите за малку ќе пукал кон свечената ложа откако забележал вооружен човек веднаш до бразилската претседателка Дилма Русев. Во истата ложа седел и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
За среќа, снајперистот не добил одобрение да пука, откако се испоставило дека вооружениот човек е всушност полицаец во цивилна облека.
Полицаецот воопшто и не требало да биде во ложата, но дошол таму да ја прегледа ложата по анонимна дојава за бомба на стадионот.Асошиејтед Прес јавува дека за време на свеченото отворање и натпреварот помеѓу домакинот Бразил и Хрватска на стадионот Коринтианис биле распореде

Поврзани вести