Снег во Македонија: Дали знаете како да ги наместите синџирите за снег на автомобилите?

Дали знаете како да ги наместите синџирите за снег на автомобилите?Еве упатство како да поставите синџири во 10 едноставни чекори на вашиот автомобил.
Синџирите за снег се состојат од два дела – лев и десен. Секој дел има свој комплекс кои одат околу левата/десната страна на тркалото.
Потребно е главната сајла (пластифицирана) да ја провлечете позади тркалото и да ги разграничите левиот и десен комплекс синџири – секој на својата страна.
Краевите на сајлата споите ги над тркалата и синџирите префрлете ги преку газечкиот слој на пневматикот, кон надворешниот дел од фелната.
Закачете го внатрешно обоениот крај на синџирот за црвената кука.
Повлечете го крајот на црвениот синџир на кој се наоѓа гумениот растеглив дел и низ куката затегнете ги синџирите што е можно повеќе.
После затегнувањето, црниот гумен дел закачете го на најодалечениот дел наспроти куката.
Тогаш ќе забележите дека синџирите не се целосно затегнати. Следно што треба да направите е лесно да тргнете со возилото десетина метра и да ги повторите последните два чекори, со тоа што сега ќе можете да го затегнувате црвениот синџир со гумениот крај.
Кога управувате со возилото со поставени синџири, бидете посебно внимателни и немојте да надминувате брзина од 50 километри на час.
Доколку возите поголем број километри со поставени синџири, повремено запирајте и извршете проверка.
Отстранете ги синџирите за снег штом дојдете до исчистен асфалт. Во случај да возите со синџири по асфалт, може да дојде до нивно оштетување или пукање, како и до оштетување на делови од возилото.Еве упатство како да поставите синџири во 10 едноставни чекори на вашиот автомобил.
Синџирите за снег се состојат од два дела – лев и

Пронајдете не на следниве мрежи: