Сноуден предупредува: „Што и да правите, немојте да ја инсталирате најновата апликација Allo“

„Освен ако доброволно не се сложите полициски службеници да ги читаат вашите пораки, во никој случај не ја инсталирајте најновата апликација Allo за комуницирање на Google“ – предупреди Едвард Сноуден.„Што е #Allo? Апликација на Google што ја снима секоја порака која ќе ја испратите и која станува достапна на полицијата по потреба“ – објави познатиот свиркач на Twitter.
Компанијата претходно тврдеше дека комуникацијата вклучува енкрипција со која „се складираат пораки во неидентификувана форма“, слично на нивниот конкурент WhatsApp. Но, компанијата по неколку дена објави драстични промени во приватноста.
Кога корисниците ќе започнат разговор во „Инкогнито опција“, како што има и во познатиот пребарувач од оваа компанија, нивните разговори нема да се складираат и ќе бидат обезбедени со енкрипција. Но, разговорите воопшто не започнуваат на тој начин и на тој начин трајно се зачувуваат, со што можат подоцна да станат достапни за било кое надлежно тело што ќе ја бара информацијата.

What is #Allo? A Google app that records every message you ever send and makes it available to police upon request. https://t.co/EdPRC0G7Py
— Edward Snowden (@Snowden) September 21, 2016

Познато е дека апликациите на оваа компанија ги ставаат своите податоци на располагање на ЦИА, а и поранешни агенти директно соработуваат со програмерите за развој на софтвер за полесно следење на интернет корисниците.
И да не сте вмешани во криминални активности или не планирате терористички напад, тоа не значи дека нема да ги спречите разузнавачките служби да дознаат сѐ за вас. Но, ако планирате сепак да ја инсталирате најновата апликација за комуникација на Google, подгответе се да се збогувате со приватноста.„Што е #Allo? Апликација на Google што ја снима секоја порака која ќе ја испратите и која станува достапна на полицијата по потреба“ &n

Пронајдете не на следниве мрежи: