Со отворен пристап до поголема ефективност на предавањата

Како резултат на соработката меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик, се одржа отворен семинар за наставниците по странски јазици на тема „Како да се постигне совршенство во училницата за странски јазици”.Во рамките на овој семинар, прв од ваков вид беа претставени корисни информации и совети за поефективно пренесување на знаењата во уличниците по странски јазици. Семинарот го водеше д-р. Пасхалиа Патсала, Декан на катедрата за англиски јазик од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. На присутните наставници им беа предочени најчестите замки со кои наставата може да изгуби од динамиката, а учениците од интересот.
„Најголемите предизвици со кои што се соочуваме се барањата на современото општество во наставата по англиски јазик, управувањето и менаџирањето со самите себе од една страна, а и со ресурсите и со учениците, од друга„ вели Маријан Трајковиќ, наставник по англиски јазик од ОУ„Ванчо Прке”, Штип. „Секојдневието и реализацијата на тоа што е предвидено во програмата, а исто така и како сето тоа да се вклопи и да се реализираво наши услови е секојдневен предизвик, поради што и семинарите од ваков тип се многу корисни“, изјави Сузана Тодорова Цветковска, Професор по англиски јазик, од СЕТУ„Михајло Пупин”, Скопје.
Дополнително, на семинарот беа дискутирани возможни сценарија, стратегии и иницијативи преку кои наставниците по странски јазици ќе можат да ги идентификуваат сите потенцијални точки на загриженост и да влијаат за поголема ефективност на предавањата. Според д-р. Патсала, наставниците по странски јазици потребно е да размислуваат надвор од границите, да се обидуваат да бидат во чекор со професионалните знаења и обуките и да размислуваат како нивните студенти.
Примена на новостекнатите совети и знаења и подобрување на ефективноста на часовите, е приоритетно за македонските наставници, кои беа присутни на семинарот. За нив ова беше едно многу корисно искуство.
„Дел од овие работи ние веќе ги применуваме, но за останатите кои ги слушнавме -за нивната примена и за нивната корисност во нашата настава, стануваме свесни нанекој начин, така што добар дел од нив исто така ќе бидат применети во нашата работа“, вели Трајковиќ, а за Сузана Тодорова Цветковска „сѐ е добредојдено, сето ова што се слуша е некоја нова струја или нов бран, свежа енергија која ни дава мотивација понатаму за работа“.Во рамките на овој семинар, прв од ваков вид беа претставени корисни информации и совети за поефективно пренесување на знаењата во уличниците по ст

Пронајдете не на следниве мрежи: