Со подвижните аптеки ќе се опфатат 542 населени места

Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија. Со овие аптеки ќе се опфатат 542 населени места или над 463.000 жители ќе можат за прв пат лековите да ги добијат во нивниот дом или во нивното населено место.Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека најголем дел од жителите од овие населени места никогаш порано немале можност лековите да им бидат доставувани во нивното место на живеење или нивните домови.
Тој посочи дека досега имаше подвижни аптеки во 6 региони кои опфаќаа над 50.000 жители и 304 населени места.
Подвижните аптеки веќе од наредниот месец ќе започнат да функционираат во следните населени места:
-Велес, Чашка, Градско и Лозово  со кои што ќе бидат опфатени 86 населени места, а бенефит ќе имаат 70.000 жители.
-Кривогаштани и Долнени во 44 населени места за 19.300 жител.
-Крива Паланка, Ранковце и Кратово во 80 населени места, за над 34.000 жители.
-Берово, Пехчево и Делчево, Македонска Каменица и Виница во 54 населени места, за над 64 жители.
-Карбинци, Зрновци, Чешиново, Облешево во 39 населени места со кој се опфатени 14.000 жители.
-Арачиново, Илинден, Петровец  во 25 населени места, за над 36.000 жители.
-Демир Хисар и Крушево во над 57 населени места, за 18.500 жители.
-Битола во 59 населени места, за 100.000 жители.
-Ресен и Охрид во над 60 населени места, за 83.300 жители.Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека најголем дел од жителите од овие населени места никогаш порано немале можност лековите да им би

Пронајдете не на следниве мрежи: